Барселона не` очекувано има лош резултатски почеток на сезоната а промени на подобро не ветува ниту играта која е далеку од нивото на кое сме навикнати да ја гледаме екипата од Ноу Камп. Промени во составот наговестуваат шпанските медиуми кои имаат информација дека играчите го кренале гласот против тренерот Ернесто Валверде.
Валверде се наоѓа на излезни врати. Неговата иднина зависи од резултатите кои Барселона ќе ги забележи во следниов период. Валверде не ужива голема доверба кај навивачите, но титулите во Ла лига го одржуваа(т) во живот.
Во игра за нов тренер ако Валверде добие карта во еден правец се предводникот на Бетис Кике Сетиен и легендарниот фудбалер на Барселона Чави. Навивачите со воодушевување го прифатија Чави, но го кочи искустовото кое Шпанецот го нема како тренер.
Фудбалерите на Барселона минатата сезона во Ла лига завршија на првата позиција со еден пораз а сезонава во првите пет рунди претрпеа два порази и ремизираа еднаш. Каталонците заостануваат четити бодови од водечките Атлетик Билбао и Реал Мадрид.
OhridNews