Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси не блескаше на Олд Трафорд, но каталонците обезбедија позитивен резултат победувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0. Од Меси почна акцијата за погодокот кој го постигна Луис Суарез со голема помош од Лук Шо, но сите очекуваат од Аргентинецот да биде централна фигура.

Според тренерот на Барселона, Ернесто Валверде повредата на лицето која ја доби Меси после дуелот со Крис Смолинг била причина за слабата игра.

  • Очигледно беше дека Меси после повредата не играше на очекуваното ниво. Беше тоа јак удар во лицето. Среќа што Меси помина со полесна повреда и продолжи да игра. Лекарите ќе кажат за каква повреда се работи и дали и колку ќе треба да паузира.  – изјави Валверде.

Тој смета дека ништо не е готово и неговите избраници ќе треба работата да ја финишираат на Ноу Камп за пет денови.

  • Заминуваме дома задоволни. Не беше лесно да се победи и одигра на едно високо ниво иако не изгледаше така. Ќе бидеме многу внимателни во пресрет на реваншот, бидејќи знаеме што направи Манчестер Јунајтед на дуелот со ПСЖ во гости. – додаде Валверде.

OhridNews

ЛШ: Барселона славеше на Олд Трафорд, реми во Амстердам (видео)