Фудбалерите на Барселона во период од четири дена два пати го победија Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу. Каталонците во 1/2 финалето во Купот на Шпанија славеа со 3-0, додека во дерби пресметката од Ла лига победија со минимални 1-0.

Триумфот во Купот вреден беше пласман во финалето, а победата во националниот шампионат отпишување на Реал Мадрид во битката за титула и преземање на водството во историјата на меѓусебните пресметки.

  • Имаме одлична недела зад нас и навивачите. Два пати гостуваме на Сантијаго Бернабеу и два пати победивме. Натпреварот беше тежок, но ние ја исполнивме целта. Сега наш посериозен ривал е Атлетико. Но, ниту Реал Мадрид не го исклучуваме, бидејќи има уште многу да се игра. – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Барселона има 12 бодови предност од Реал Мадрид, а десет од Атлетико Мадрид кој има натпревар помалку. Каталонците сигурно маршираат кон двојна круна во шпанскиот фудбал, а шлаг на тортата ќе биде и трофејот во Лигата на Шампиони за кој допрва треба да се борат со ривалите.

OhridNews