Екипата на Барселона супериорно го елиминираше Манчестер Јунајтед и обезбеди пласман во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони. Каталонците на Олд Трафорд славеа со минимални 1-0, а на реваншот  на Ноу Камп подобри беа со убедливи 3-0.

  • Многу сме возбудени! Задоволен сум од начинот на кој го елиминиравме Манчестер Јунајтед и се пласиравме помеѓу најдобрите четири екипи. Имаме многу самодоверба, но секогаш сме свесни и внимателни дека лоши пет минути можат да не оддалечат од борбата за трофеј. Меси секогаш ќе биде наш човек на одлука. Неговите голови го променија ритамот на игра. Среќни сме што го имаме, а незнам дали треба да им се извиниме на ривалите што го немаат во нивните редови. – изјави тренерот на Барселона Ернесто Валверде.

Барселона, прв пат после три сезони ќе биде дел од 1/2 финалните возбудувања. Претходните три години непреминлива пречка за каталонците беше 1/4 финалето.

Противник на Барселона во 1/2 финалето ќе и биде подобрата екипа од дуелот Порто – Ливерпул. Англичаните во пресрет на реваншот имаат предност 2-0 остварена после првиот меч.

OhridNews

ЛШ: Бајката на Ајакс продолжи, не` и на „црвените ѓаволи“ (видео)