Екипата на Барселона на стартот од Новата 2020 година ја прокоцка предноста од два бодови во однос на Реал Мадрид на врвот од табелата во Ла лига. Каталонците ремизираа со Еспањол (2-2) во градската пресметка, додека Реал Мадрид со 3-0 го совлада Хетафе.
Тренерот на Барселона сметка дека црвениот картон на Френки де Јонг во 78-та минута при резултат 1-2 го сменил текот на мечот и односнот на теренот. Домашните фудбалери реми пред своите гледачи осигураа во 88-та минута со погодокот на Ву Ли.
Црвениот картон на Де Јонг не ченеше победа. Имавме три шанси да го затвориме мечот, но не погододивме. И како што се случува секогаш од првата прилика во продолжението примивме погодок и натпреварот заврши нерешено. Кога ќе примите погодок во завршната фаза од мечот имате чувство дека сте загубиле два бодови, а не дека сте освоиле еден бод. – изјави Валверде.
После 19-ет одиграни мечеви, Барселона и Реал Мадрид имаат ист број на бодови, што е најава за мртва трка за титулата во шпанската фудбалска елита.
OhridNews