Валон Каба е избран за нов директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. На одржаната 11-та седница на Советот за развој на ЈЗПР Каба едногласно е избран од страна на членовите на Советот.

Градоначалникот на Општина Охрид, воедно и Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, Кирил Пецаков упати голема благодарност за досегашната успешна соработка со директорка Мирјана Лозаноска, а на новоизбраниот в.д директор Валон Каба му посака успешна работа со Центарот, информираат од Центарот.

Валон Каба веќе 15 години работи во регионалниот развој, со големо искуство во имплементација на низа проекти во сферата на енергетска ефикасност, реконструкција на објектите и комуналната инфаструктура.

OhridNews