Текстот на претставата е компилација од повеќе автори (Педро Хуан Гутиерес, Рене Полеж, Едвард Олби и Ив Енслер) и во неа играат тројца млади професионални актери Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ и Стрезо Стаматовски.
Стрезо Стаматоски
Претставата премиерно беше одиграна во февруари 2009 година во претседателскиот апартман на хотелот „Инекс Горица“ – Охрид , но поради специфичноста на просторот пошироката охридска публика не беше во можност да ја гледа. Неодамна претставата учествуваше на интернационалниот фестивал „Екс-Понто“ – Љубљана, Р. Словенија и го освои второто место.
Претставата ќе започне во 21:00 часот и е со времетраење од 60 минути. После претставата публиката ќе има можност да разговара со актерите во една неформална атмосфера. Поради ограничениот број на седишта задолжителна е резервација на билетите која што може да се направи на телефон 075 / 28 – 58 – 34. Цената за еден билет е 100 денари.