„Претставата „Валкани Приказни“ на публиката и нуди мешавина на современиот свет. Распадот што се случува во општеството достига на сцената. Оваа компилација е своевидна деконструкција на сексот и насилството. Трите лика се маргиналци (иако млади, веќе се губат во џунглата на светот, а нивното барање на сопствениот идентитет е залудно скитање), кои достигаат на јавната сцена, и слободно им говорат на младите генерации театарски гледачи. Бруталноста и вулгарноста тука се во функција на естетски категории, како еден вид хипер-реализам. „Валкани Приказни“ е чист и девствен театарски чин, кој може да се сублимира како приказ на суровата вистина.
Оваа претстава ја освои втората награда на интернационалниот театарски фестивал „Експонто“ во Љубљана, Р. Словенија, а исто така има учествувано и на интернационалниот фестивал „Аполониа“ во Фиер, Р. Албаниа. „Валкани Приказни“ гостувала и на репертоарот на Драмски театар во Скопје како и во други градови ширум државата.
Валкани Приказни
Педро Хуан Гутиерес, Рене Полеж, Ева Енслер и Едвард Олби
Режија: Софија Ристевска
Адаптација на простор, техничка организација, дизајн на светло и музика: Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски
Светло: Филип Лахтов
Камера оператор: Софија Ристевска
Извршни продуценти: Горан Стојаноски и Благоја Стефановски
Улоги: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ
Претставата ќе биде одиграна во малата сала на Центарот за култура со почеток во 20 ч.