Оваа претстава ја освои втората награда на интернационалниот театарски фестивал „Експонто“ во Љубљана, Р. Словенија, а исто така има учествувано и на интернационалниот фестивал „Аполониа“ во Фиер, Р. Албаниа. „Валкани приказни“ гостувала и на репертоарот на Драмски театар во Скопје како и во други градови ширум државата.
Улогите во претставата ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ.
Претставата ќе биде одиграна во малата сала на Центарот за култура со почеток во 20 ч.