Во рамки на културната манифестација „Денови на Едрене во Македонија“, во официјална посета на земјава се наоѓа делегација на Вилаетот Едрене, предводена од валијата Мустафа Бујук.

Турската делегација вчера во Скопје имаше средба со стопанственици од Македонија на која присуствуваа угледни бизнисмени од Охрид. Во наредните денови претставување на турската култура ќе има во повеќе градови во Македонија, меѓу кои Скопје, Тетово, Гостивар, а во сабота во Центарот за Култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19.30 часот ќе се одржи концерт на Групата за класична турска музика.

OhridNews