Седумкратниот шампион Валентино Роси ја официјализираше соработката со Јамаха и ги израдува љубителите на Мото гран при трките.

„Докторот“ како што го нарекуваат Роси ќе се натпреварува најмалку уште една сезона. Во договорот, по инсистирање на Роси стои опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

41-годишниот Роси имал и други барања, кои биле исполнети од јапонската компанија која произведува мотори пред да биде потпишан договорот.

Резултатите не се на страната од Роси последниве неколку сезони, но Италијанецот е еден од најмаркатните личности во Мото гран при трките и најголем виновник за неговата популаризација.

OhridNews