Средниот бек Валентино Белевски го обнови договорот со охридскиот ракометен клуб. Тој со „сино-белите“ потпиша едногодишен договор со можност за продолжување по завршување на сезоната.
Стружанецот го избра охридскиот суперлигаш пред битолски Пелистер со кој имаше отворени разговори за соработка.
Белевски во Охрид веќе помина две сезони, а следната која доаѓа ќе биде трета за него по пристугнување од Струга.
Средниот бек е седми ракометар кој го продолжува договорот со Охрид. Претходно верноста со охриѓани ја продолжија Кирил Колев, Мите Караиванов, Иван Тасески, Крсте Андоновски, Горан Печенковски и Крсте Костески.
Управата на охридскиот клуб води интензивни разговори со останатите играчи кои беа дел минатата сезона од клубот и некои ракометари кои би ги засилиле охридските бели.
Мх.П.