Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија е најбрз фудбалер на планетата по најновите мерења на ФИФА. Во полн сприн Еквадорецот во дресот на „црвените ѓаволи“ развива брзина од 35,1 километри на час.
Втор зад Валенсија се наоѓа најскапиот фудбалер на пленатата Герет Бејл, кој достигнува брзина од 34,7 километри на час. Најбрзата фудбалска тројка ја комплетира Арон Ленон од Тотенхем, кој развива 33,8 километри на час.
Топ десет најбрзи фудбалери :
1. Антонио Валенсија 35.1 (км/ч)
2. Герет Бејл 34.7
3. Арон Ленон 33.8
4. Кристијано Роналдо 33.6
5. Тео Волкот 32.7
6. Лионел Меси 32.5
7. Вејн Руни 31.2
8. Франк Рибери 30.7
9. Арјен Робен 30.4
10. Алексис Санчез 30.1
Мх.П.