Стивнуваат реакциите од “Ел Класико“, каде Барселона со “петарда“ го “поздрави“ Реал Мадрид и го презеде врвот во Примера Дивизион. Барселона на гостувањето кај 12-то пласираната Осасуна ќе се обиде да ја продолжи победничката низа и да прокнижи нови три бода. Последната гостинска победа на “блауграната“ е извојувана против Алмерија со убедливи 8-0.
Реал Мадрид во 16-то коло од Примера Дивизион на Сантијаго Бернабе ја пречекува Валенсија. “Кралевите“ со победа над “лилјаците“ ќе се обидат да ги вратат насмевките кај фановите. Хозе Мурињо не може да смета на ударната игла на “белите“ аргентинецот Гонзало Игуаин, неговото место во почетниот состав ќе го заземе францускиот репрезентативец Карим Бензема.
Двојки:
18:00ч Леванте – Атлетико Мадрид
20:00ч Осасуна – Барселона
22:00ч Реал Мадрид – Валенсија
Недела
17:00ч Гетафе – Мајорка, Алмерија – Сарагоса, Еспањол – Спортинг, Малага – Расинг Сантандер,
19:00ч Виљареал – Севиља,
21:00ч Сосиедад – Атлетик Билбао
Понеделник
21:00ч Депортиво – Херкулес
Табела: Барселона 34, Реал Мадрид 32, Виљареал 27, Еспањол 24, Валенсија 24. . .
Мх.П.