Црвеното светло од алармот е запалено во Фудбалскиот клуб Валенсија. Речиси половина екипа вклучувајќи ги фудбалерите, стручниот штаб и вработените во клубот се заразени од коронаирусот.

Сите заразени од клубот се наоѓаат во самоизолација, а останатите се чуваат во карантин без право на излегување. Како што пренесуваат шпанските медиуми најмногу на удар се луѓето кои беа дел од клубот на гостувањето во Милано за дуелот со Аталанта во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

„Лилјаците“, најпрво потврдија пет случаи но бројката драстично се зголеми и порасна на 20 лица заразени со коронавирусот. Во Шпанија секојдневно расте бројката на заразени и се очекува до крајот на денот да достигне до 10 000 лица.

Вчера, потврден беше смртен случај на фудбалски тренер од Атлетико Портада на само 21 година. Тренерот во екипата имал проблеми со леукемија, а заразувањето со коронавирусот било фатално во борбата со тешка болест.

OhridNews