Долгиот прекин во првото полувреме поради расизам ја одбележа пресметката помеѓу Кадис и Валенсија, која заврши во корист на домаќините со 2-1.
На истекот од 30-та минута, гостинските фудбалери во знак на поддршка на Муктару Дијакабију го напуштија теренот и заминаа во соблекувалните, откако дефанзивецот бил мета на расистички навреди од страна на домашниот фудбалер Кала.
После долги преговори, „лилјаците“ се вратиле на теренот, но без Дијакабију, кој не сакал да го продолжи натпреварот. При прекинот резултатот бил 1-1, а до крајот на мечот Кадис ја обезбеди победата, постигнувајќи втор погодок во мрежата на гостите.
Го поддржуваме и сите сме со Дијакабију. Нашиот фудбалер е навреден на расна основа, но бараше од играчите да се вратат на теренот. Екипата одржа состанок во соблекувалната и одлучи да го продолжи мечот, но со остра осуда за инцидентот – стои во соопштението од Валенсија.
Дисциплинската комисија во Ла лига ќе има полни раце работа, бидејќи треба да се спроведе истрага и да се расчисти ситуацијата, која остави црна дамка на пресметката од 29-та рунда во шпанскиот шампионат.
OhridNews