Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во Копенхаген, каде се одржа донаторска конференција за воена помош за Украина, дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин, како што рече, „да успее да ја окупира Украина“.

Според него, руската инвазија врз Украина „забави“ и „почна да пропаѓа“, пишува Гардијан. Валас рече дека борбите се уште траат, но дека Русија слабее во многу области.

Досега не успеаја и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната инвазија попушташе и постојано се менуваше до таа мера што тие всушност се фокусираа само на делови од југот и истокот, кои се далеку, далеку од нивната таканаречена специјална операција која требаше да трае три дена, вели британскиот министер за одбрана.

OhridNews