Актерот Вал Килмер кој е познат по многу улоги во акционите филмови, се враќа на големото платно, и тоа во улогата на Марк Твен. Откако неговата соработка со авторот на триологијата „Кум“, Френсис Форд Копола, била лоша во минатогодишниот филм “Twixt”, Килмер најавил свое враќање во филм во кој ќе ја игра главната улога.

Филмот ќе биде приказна за познатиот писател Марк Твен и Мери Бејкер Еди, а приказната ќе биде раскажана на трагикомичен начин.