Американскиот актер Вал Килмер продал поголем дел од својот ранч во државата Њу Мексико на еден тексашки нафташ и на неговата сопруга за 18,5 милиони долари. Актерот, кој веќе 20 години живе во Њу Мексико, задржал само 57 хектари земја.
Познат по улогите во голем број акциони филмови, Килмер три пати ја снижувал цената на својот ранч која на продажба го ставил уште во 2009 година за 33 милиони долари.