Загриженоста за здравјето, охриѓани ја потврдуваат и со големиот интерес за вакцината против вирусот што предизвикува грип. Од почетокот на вакцинирањето, 15 октомври, во Регионалниот завод за здравствена заштита се вакцинирале околу 500 граѓани.
Заводот годинава набави 1 100 вакцини, но оттаму не ја исклучуваат можноста, доколку има потреба, да се нарачаат нови количини. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.
Грипот е заболување што може да помине и како настинка, но и да остави последици по здравјето на луѓето, особено кај лицата со намален имунитет и хронично болните. Вирусот се пренесува преку дишење па затоа е непходно да се вакцинираат луѓето кои имаат секојдневен контакт со луѓе.
Лекарите препорачуваат вакцина кај хронично болните од срце, бубрези, кај малигни, и белодробни заболувања, дијабетес, анемии, но и при ослабнат имунитет.
Исто така се препорачува вакцина против сезонскиот грип и кај лицата постари од 65 години.
Ohridnews