Во Центарот за јавно здравје деновиве се очекуваат да пристигнат потребните количини вакцини со кои ќе се врши редовната вакцинација против сезонски грип.

– Тендерот е завршен, избран е најповолниот добавувач кој ќе ги покрие потребите на ниво на целата држава. Станува збор за висококвалитетни вакцини. Штом пристигнат ќе се пристапи кон вакцинацијата, се надевам дека се ќе тече според планот и ќе започнеме на 15 октомври, вели првиот човек на цетарот, Атанаско Михаилов.

Вакцинацијата им се препорачува на старите лица, хронично болните, срцевите болесници, астматичарите, малите деца, но и луѓето кои се во постојан контакт со заболени или поголеми групи луѓе. 

Цената на една вакцина ќе биде 400 денари.

OhridNews