– Во однос на минатата година бројот на граѓани кои покажаа интерес за вакцинирање во првите неколку дена од спроведувањето на имунизацијата е помал, но вакцини има доволно и очекуваме бројот на заинтересирани да се зголеми во текот на наредните денови, велат од охридскиот Центар за јавно здравје.
Имунизацијата против сезонски грип започна на 12- ти октомври, а за оваа намена беа набавени 2. 500 вакцини. Цената на една вакцина чини 400 денари.
Заинтересираните граѓани може да се вакцинираат во Центарот за јавно здравје секој ден од 8 до 15 часот.