Вакцинацијата притив HPV во Охрид ќе започне на 6-ти октомври, најави заменик министерот за здравство д-р Владимир Попосвски.
-Вакцинацијата против HPV вирусот ќе започне на 6-ти октомври од кога локалните здравствени заводи за превенција ќе почнат да ги повикуваат девојчињата на споменатата возраст, изјави Поповски, кој неодамна го посети Охрид. Тој истакна дека со воведувањето на вакцинација против HPV вирусот, Македонија предничи пред многу европски земји и тоа е една од поважните активности на владата која целосно ќе биде реализирана, додаде Поповски.
HPV вирусот се смета за главен предизвикувач на рак на грлото на матката.