Вакцинацијата против грип ќе почне на петти ноември во целата држава и ќе се врши во заводите за здравствена заштита и нивните подрачни единици, соопшти Министерството за здравство по средбата со директорите на заводите за здравствена заштита.
Цената на вакцината ќе биде единствена во сите заводи и таа ќе изнесува 450 денари.
Министерството за здравство препорачува поголем одзив на граѓаните за вакцинација заради навремена заштита и создавање имунитет на организмот од вирусот на грип. Вакцинирањето против грип се препорачува посебно за повозрасни лица над 60-годишна вораст и за хронично болните со кардиолошки, пулмонални заболувања и со намален имунитет.
Инаку годинава се увезени 32.000 вакцини. Дел се од производителот „Авентис“, а околу 17.000 се кинески. Од Министерството за здравство уверуваат дека квалитетот на кинеските вакцини е на енормно високо ниво.
ohridnews