Светската здравствена организација објави дека нема да ги менува препораките за вакцинирање се додека не се открие точно што се случувало во Канада. Сепак од СЗО предупредуваат на можноста од зголемено ширење на вирусот, а постои и веројатност за мешање на свинскиот и птичјиот грип и настанување на нов уште посмртоносен вирус.
Тамуфлу да не се зема како превентива
Националната Комисија за пандемиски грип донесе одлука лекот „тамифлу“ бесплатно да им се дава само на болните, а не и на ризичните групи што биле во контакт со болниот, односно да се употребува како превенција. Причина за ова како што се наведува се и можните негативни последици од употреба на „тамифлу“ од страна на заболени кои не се инфицирани со вирус од свинскиот грип.
– Лекот никако да не се пие без симптоми на грип, зашто може да создаде резистенција и да не влијае ако навистина се разболите. Освен тоа, може да се јават и несакани реакции, кои веднаш треба да бидат пријавени, предупреди Бирото за лекови.