Новата вакцина која ја развиле научниците од Чиле би можела да им помогне на луѓето кои се борат со алкохолизмот да го остават пиењето, бидејќи доколку се напијат и најмала количина алкохол, доживуваат голем мамурлук. Вакцината, чие дејство трае помеѓу шест месеци и една година, функционира на тој начин што испраќа биохемиска порака до црниот дроб да не произведува гени кои го метаболизираат алкохолот.
Во нормални околности, црниот дроб го претвора алкохолот во супстанција која предизвикува мамурлук со име ацетзаделхид, а неа понатаму ја разлагаат метаболитичките ензими. Доколку некој, кој е вакциниран со оваа вакцина, се обиде да пие алкохол, веднаш ќе почувствува силни мачнини, чукање на срцето и општа лоша состојба на организмот. Еднаш кога вакцината ќе се прими, нема начин нејзиното дејство да се сопре, па научниците сметаат дека ќе послужи како одлично средство за одвикнување од алкохолот.