На сите оние кои имаат страв од игли ќе им олесни по сознанието дека научниците развиле вакцина која се топи под јазикот. Научниците развиле нов метод за давање различни вакцини директно во кровотокот и тоа преку растворлива лента која се става под јазикот.

Оваа техника била развиена откако било откриено дека можат да се користат „добри бактерии’ како би се давале различни врсти вакцини, вклучувајќи ги и оние против грип и туберколоза. Сајмон Катинг, професор на Ројал Холовеј универзитетот во Лондон рекол дека овие вакцини можат да се даваат или преку спреј за нос или орално со капсули кои се во течна или цврста состојба.