Вакцината Абдала против коронавирус, развиена од Куба, која е прва развиена во Јужна Америка, покажа ефекасност од 92,28 проценти против инфекцијата. Тоа го соопшти лабораторијата што го разви препаратот.
Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози. Абдала е во последната фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрување од кубанските власти подоцна овој месец или почетокот на јули.
Во саботата, кубанскиот институт за вакцинација Финли објави дека неговиот кандидат за вакцина Соберана 2 покажал 62 отсто ефикасност по аплицирање две од трите дози.
Поради ембаргото, Куба почна да развива свои лекови во 80-те години на минатиот век. Владата сега се надева дека во август ќе бидат вакцинирани 70 проценти од 11,2 милиони жители на Куба, а целото население до крајот на годината.
Во меѓувмеме, СЗО соопшти дека варијантата Делта за коронавирусoт, што за првпат беше откриена во Индија, веќе е регистрирана во 92 држави. #
Оваа варијанта на коронавирусот предизвикува посебна загриженост затоа што е позаразна и рапидно се шири низ целиот свет. Прелиминарните истражувања исто така покажуваат дека инфекцијата со варијантата Делта го зголемува ризикот од хоспитализација. Ќе треба долго време да се контролира ширењето на тој сој, дотолку повеќе што неекои вакцини се помалку ефикасни против варијантата Делта, но во сите случаи помагаат да се спречат тешка клиничка слика и смрт. – изјави на брифинг во Женева Марија ван Керхов, техничка раководителка на СЗО за борба против Ковид-19.
Експертот на СЗО предупреди дека во иднина не се исклучуваат други мутации во коронавирусот што можат да ја намалат ефикасноста на вакцините.
OhridNews