Американската администрацијата за воздушен сообраќај (ФАА) одобри пилотите и контролорите на летање да се вакцинираат со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.
Оваа одлука беше донесена откако вакцината на компанијата беше одобрена за употреба кај населението на возраст од 18 години и повеќе од страна на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) и со едногласна поддршка на Советот на независни експерти.
ФАА соопшти дека сите приматели на вакцини ќе мора да почекаат 48 часа пред да се вратат на своите одговорно активности, како што се управување со авиони и контрола на летање.
Оваа вакцина е трета одобрена во САД, по издадените лиценци на компаниите „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.
Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на средна до тешка форма на Ковид-19 и сто проценти ефикасна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да доведе до смртен исход.
OhridNews