Вакциналниот пункт во Охрид од модуларната болница е префрлен во просториите на центарот за припрема на бремена жена при ЈЗУ Општа болница Охрид.

Во текот на овие три дена се одвива вакцинацијата на здравствените работници после 14 часот, затоа вакцинацијата  за граѓани со прва доза вакцина ќе биде до 14 часот, додека ревакцинацијата ќе тече по термините кои ги имаат граѓаните и попладне, информираше раководителот на службата за вакцинација во Охрид , Д-р Соња Маринова.

Секој што има термин за ревакцинација  да дојде на својот термин за да не се создава гужва, а тоа се случува прво поради тоа што граѓаните веќе немаат термини за прва доза вакцина и секој што планира да се вакцинира доаѓа уште од раните утрински часови, исто така граѓаните кои имаат  термин за ревакцинација попладне, доаѓаат наутро, и затоа апелираме секој да си го запази терминот за ревакцинација бидејќи на овој начин се губи редот и доаѓа до гужва пред вакциналниот пункт, апелираше Маринова

И утринава како и изминатиов период од кога стапија на сила новите мерки за заштита од коронавирусот се забележува зголемен интерес за вакцинација во Охрид.

Во просек, дневно, во Охрид се аплицираат околу 600 вакцини.

К.А.
Фото: Н.Ј.С.