В сабота (5 јуни), во НУ Центар „Григор Прличев“ во Охрид ќе има Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски, информираат од Центарот за култура. Шоуто ќе започне во 20 часот, а вратите за публиката ќе биде отворени во 19:30 часот.
Сите граѓани на градот Охрид и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, евровизија, инфлуенсерки. Ваксајн ис каминг, – стои во соопштението од Центарот за култура.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба се пуштени од вчера на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
OhridNews