Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, деновиве беше организирана еднодневна едукативна екскурзија за запознавање на заедничкото културно историско наследство во која беа вклучени учениците од прва до четврта година од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“.
Заедничкото едукативно дружење се одржа во Охрид. Учениците придружувани од своите ментори се запознаа со карактеристичните локалитети во градот како опеаните Билјанини извори, Националниот парк „Галичица“ и Охридското Езеро, го посетија „Заливот на Коските“, знаменитостите во стариот дел на градот, Античкиот театар, Плаошник, Канео, потоа Зејнен Абедин Џамија и црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“…
Менторот Алберта Гулицовска ги воведе учениците во антиката и античката култура и традиција, а професорката по географија Менка Ѓореска ги запозна гимназијалците со
формирањето на релјефните форми и генетските релјефни форми коишто ги опкружуваат.
Дружењето беше заокружено со заедничка прошетка низ охридската чаршија на учениците и професорите од двете гимназии Менка Ѓореска, Рената Арнаудова, како и директорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“ и Арта Пошка Коку, Рајмонда Мамуди, Ѓунер Махмуд и Диана Шеху од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“.
Проектот го поддржаа општествено одговорната компанија А.Д. „Жито Леб“ – Охрид, слаткарница „Палма“ и општина Охрид.
OhridNews