Кралот на поп музиката и пластичните операции Мајкл Џексон на 29-ти август ќе го прослави 50-тиот роденден. Ова ги потикна стручњаците кои работат со фотошоп да направат монтажа со лицето на Мајкл Џексон и да се обидат да прикажат како би изгледал без многуте пластични операции кои ги направи за време на својата кариера.
Требаше да изгледа вака, ама изгледа вака – Мајкл Џексон
Откако сликата беше претставена во јавност, многумина злобно заклучија дека „Мајкл е грд на овој или на оној начин“ и дека бројката од преку педесет пластични операции ниту помогнала, ниту одмогнала.
Уште во далечната 1986 година светските таблоиди објавија дека Мајкл , опседнат со младоликиот изглед спие во комора со чист кислорд, која наводно требала да му помогне да го одржи изгледот на белец, имиџ што тогаш почна да го негува. Мајкл, во врвот на популарноста реши да се преобрази од црнец во белец со што ги шокираше и своите фанови, но и сите останати. Тоа му ја донесе титулата крал на пластичните операции, но работите не се одвиваа онака како што Мајкл ги замисли.Неколку години откако разви зависност од естетската хирургија, неговиот свет, еднакво како и неговото лице почна да се распаѓа. Мајкл во тоа време беше обвинет за педофилија, а на суд се појавуваше со хирушка маска со која ги сокриваше последиците од неколку десетици пластични операции.
ohridnews