Африканските фудбалери кои играат во словачкото првенство Карим Гуеде (Того) кој настапува за Словaн од Братислава и Бабатунде Бело (Бенин) кој игра во дресот на Жилина се очекува да бидат адутите на словачкиот селектор Владимир Вајс во пресрет на првиот меч од квалификациите за ЕП 2012, в петок против Макеоднија.


Словачката фудбалска федерација работи на обезбедување на двете засилувања за селекцијата во овој квалификациски циклус, а како што објавија словачките медиуми селекторот Вајс побарал итно издавање на словачки пасош за двајца странци кои настапуваат во домашното првенство и за кои сметаат дека би биле идеални засилувања за репрезентацијата.

 

Ohridnews