Не сум пристрасен во корист на Владата на Груевски,тврди европратеникот и еден од посредниците во преговорите, Иво Вајгл. Ова го пишува во одговорот на отворено писмо кое претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски му го прати вчера, а во кое му порача дека не е во ред во изјава откако пропаднаа преговорите да наведува дека е разочаран од немањето чувство за евроатлантската иднина на земјата од страна на некои политички актери во процесот и оти компромис вечерта не се постигнал поради еден од политичарите, бидејќи во таа изјава дел од јавноста препозна дека Вајгл го обвинува Заев, со што зазел страна во овој тежок спор, јавива „Телма“.
Во одговорот од европратеникот стои дека тој никогаш не мислел дека Заев е единствениот одговорен за кризата и за неуспешниот излез од неа, но не може да преземе одговорност за тоа како медиумите во Македонија ја толкувале неговата изјава.. Вајгл наведува дека бил бесен и разочаран бидејќи тој ден во Брисел предлозите на масата биле најдобрата понуда и можност да се реши кризата во Македонија .
Величковски,пак, вчера порача дека и Хан и Вајгл треба да го послушаат советот на Карл Билд и со повеќе работа и искрена желба да ја доловат суштината на македонската криза, ќе успеат да посочат кои се замајувањата во преговорите.
OhridNews