Арбитражната комисија при италијанската Фудбалска федерација во понеделник ќе ја разгледува жалбата на Горан Пандев против Лацио.
Македонскиот напаѓач поднесе жалба за укинување на договорот со овој тим, бидејќи смета оти бил незаконски исклучен од првиот состав.Претседателот на Лацио, Клаудио Лолито, не му дозволи да замине од Лацио во текот на јануарскиот трансфер пазар одбивајќи ги сите понуди.
Во случај на позитивна одлука во полза на Пандев тој може да премине во друга екипа уште следниов јануари.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com