Ракометарите на Охрид в петок со почеток во 18 и 30 часот во Битола против составот на Еурофарм Работник ќе ги одмерат силите во дербито во втората рунда од Супер лигата.
Овој меч кој ќе биде емитуван во живо на првиот македонски телевизиски сервис (МТВ 1) ќе биде вистински тест за избраниците на Горан Андоновски.
Во првата рунда „гладијаторите“ лесно и убедливо го совладаа составот на Работнички додека Еурофарм Работник претрпе пораз од Пелистер во градското дерби.
Екипите на меморијалниот турнир во Прилеп одиграа меѓусебна пресметка, а на триумф се радуваше екипата на Еурофарм Работник со 27-21.
OhridNews