Во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, на 1 ноември ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот  „Свети Прохор Пчињски и пренесување на моштите на Свети Јован Рилски“.

Литургијата со која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители, ќе започне во 8.45 часот.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews