Новата сезона од Италијанската Серија А ќе започне на 28-ми август а ќе заврши на 22-ри мај, додека зимската пауза да трае од 19-ти декември до 6-ти јануари.

Покрај стандардните термини во сабота од 18:00 и 20:30 часот, односно недела од 15:00 и 20:30 часот од наредната сезона ќе има и нови два термина и тоа во петок од 20:30 часот односно во недела од 12:45.

Приоритет за одигрување на мечевите во новите термини ќе имаат клубовите кои ќе настапуваат на евро сцената следната сезона.