48-годишниот возач на вилушкар, Стивен Рајт, е обвинет за убиство на пет проститутки во Ипсвич, Англија чии тела се пронајдени за краток период на различни места во околината на градот. Првото појавување на евентуалниот убиец пред суд, предизвика невидено интересирање кај медиумите во Британија. После првичното сослушување, адвокатот на обвинетиот изјави:
„Можам да кажам дека г-динот Рајт се држи прилично добро со оглед на околностите. Очигледно е дека е многу непријатно да се биде обвинет за вакви недела и да се биде под „лупа“ на медиумите. Сепак тој се држи подобро од очекуваното.“
Петте жртви беа девојки помеѓу 19 и 29 години. Нивните тела беа пронајдени во период од 10 дена. Првото тело, она на 25-годишната Џема Адамс, беше пронајдено на 2-ри декември во ендек. Полицијата презеде масовна операција во потрага по убиецот. Првично беше уапсен друг човек, но подоцна тој беше пуштен. Рајт беше уапсен во вторникот, во неговиот дом.
извор:
euronews
С. Костоски