Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44- годишна охриѓанка. Пријавената , од почетокот на годинава, со незаконски дејствија  узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија.
Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист.

Пријавената на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда, а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор.

 
OhridNews