Британската полиција трага за еден пар кој минатата среда по вечерата вредна околу 1000 долари излегол пред ресторанот во центарот на Лондон на цигара и побегнал без да ја плати сметката. Пред да побегнат нарачале десерт за да не станат сомнителни. Масата ја резервирале под името Лупен, што потсетува на францускиот легендарен измамник Арсен Лупен.


Мажот и жената се на возраст од 25 до 30 години, а во ресторанот се послужиле со најскапите вина. По овој инцидент управата на ресторанот одлучила во иднина гостите да ги оставаат кредитните картички во ресторанот до нивното заминување. Луѓето едноставно не можеле да поверуваат како толку луксузен ресторан може да биде ограбен на толку едноставен начин.