Излетнички брод кој кружи околу јужниот дел на Менхетн на која се дегустирале пива се насукал во саботата во близина на Кипот на слободата, објавила транспортната компанија, а пренесува CNN. Ниту еден од вкупно 121 патници и девет членови на екипажот не биле повредени, но на крајбрежната стража, полицијата и противпожарната служба им биле потребни околу час и половина да ги извлечат патниците на суво.
Патникот Бренди Хам за локалните медиуми изјавил дека бродот се заглавил на гребен, сопрел и потоа ништо не се случувало. Транспортната компанија на излетниците им гарантира прекрасен поглед на Њујорк додека за време на двочасовната тура дегустираат локални пива за цена од 65 долари.