Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури се движат од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималните од 19 до 27 степени. Во Охрид денеска до 20 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.

Г.М.