Додека политичарите си ги „мерат“ и се надвикуваат кој и што повеќе направил за народот (а никој ништо не направил), луѓето се на маргините и полека се вклопуваме во стереотипот „сиромашна земја.“ И за Охрид важи истото. Средната класа ја снема, а контејнерите за многумина се „спас“ од умирање. Од глад. Посебно се „популарни“ контејнерите позади „Макси Де“. Има околу многу дуќани околу, па ако се трефне може да се најде нешто што ќе личи на храна. Човеков го фотографираме без да му се види лицето, да му го зачуваме и она малку достоинство што му останало. Некој рекол: Богатството не се шири, ГЛАДТА да. Дали е тоа нашата “светла“ иднина?!
Сиромаштија !
Спаско Костоски