Најмалку десет лица загинаа, а над 20 се ранети во самоубиствениот напад што се случи денеска на југот од Турција, во близина на границата со Сирија, јавува „Би Би Си“. Истиот извор наведува дека за време на собир во културен центар на околу 300 луѓе за помош на жителите на сирискиот град Кобане, бомбаш самоубиец кој најверојатно е припадник на ИСИС го активирал експлозивот. Најголемиот број од жртвите се жени и деца.
Очевидци на настанот велат дека бројот на жртви е двојно поголем, јавуваат турските медиуми.
OhridNews