Еден кинески лекар тврди дека неговите пациенти се со добро здравје и дека успешно ги лечи само благодарение на тоа што не ја стрижи својата долга коса.


Пенг Фу (79), лекар кој практицира традиционална кинеска медицина пронашол врска меѓу својата долга коса и здравјето на своите пациенти. Имено косата не ја потстрижил веќе 60 години и тврди дека тоа е причината за здравјето на неговите пациенти.

Исцелителот косата тешка три и пол килограми ја носи врзана на својот грб, а последниот пат кога ја мерел била долга 2,7 метри. Тој својот пристап кон медицината го сваќа многу сериозно, не им дозволува на пациентите да ја допираат косата и ја мие многу ретко.