Без победник (2-2) заврши дербито на колото во италијанската Серија А помеѓу водечкиот Јувентус и составот на Аталанта. Поблиску до победата и трите бодови беше Аталанта, која во текот на натпреварот два пати имаше водство. „Старата дама“ од налетот на гостите од Бергамо се спасуваше преку пенали кои во голови ги претвори Кристијано Роналдо.
Резултати:
Лацио – Сасуоло 1-2
Бреша – Рома 0-3
Јувентус – Аталанта 2-2
OhridNews