Екипите на Јувентус и Пари Сент Жермен слават нови титули, откако триумфираа во италијанскиот односно францускиот Куп. „Старата дама“ во финалниот натпревар ја совладаа Аталанта со 2-1, додека „светците“ со 2-0 го преслушаа Монако.
„Бјанконерите“ од Торино со титулата од Купот ја спасија сезоната, затоа што не успеа да ја одбранат титулата во Серија А, а епизодна улога имаа во Лигата на Шампиони. Херој на Јувентус беше Дејан Кулушевски, кој во 73-та минута при резултата 1-1 стрелаше за 2-1. Погодокот на Швеѓанецот со охридски корени се покажа доволен за титула на Јувентус.
ПСЖ, пак, триумфот во финалето го обезбеди со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел прецизно стрелаше Мауро Икарди, а печат на триумфот стави Килијан Мбапе. После освојување на титулата од Купот, ПСЖ комплетно насочува кон националниот шампионат каде викендов се игра последна рунда.
OhridNews