Актуелниот италијански првак Јувентус покажа кој е кој во Серија А, победувајќи го Милан со 3-1 (1-1), во дербито на колото, кое се одигра на „Сан Сиро“ стадионот.

Со триумфот во дербито, „старата дама“ го урна митот за непобледивост на Милан во „калчо“ лигата и ја раситни двоцифрената негатива на табелата.

Гостите од Торино први ја погодија мрежата и поведоа во дербито. Прецизен беше Федерико Киеза во 18-та минута. „Росонерите“ и покрај негативата не се предадоа, а, наградата за храбрата игра стигна пред крајот на првиот дел, кога Калабрија изедначи на 1-1.

Во второто полувреме, Јувентус беше составот кој пак прв постигна погодок. Повторно беше стрелец Киеза. „Бјанконерите“ оддолеа на нападите од домаќините, а, сите дилеми ги решија со третиот погодок, кој беше дело на МекКени.

Милан и покрај поразот останува лидерот на табелата, со бод пред Интер и со четири бодови повеќе од Рома.

OhridNews